Полицијата ги уапси двојниците на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот севернокорејски колега Ким Џинг-ун , кои направија вистински метеж во Ханој.

Иако вистинските Трамп и Ким треба да пристигнат во главниот град на Виетнам за неколку дена, на 27 и 28 овој месец, новинарите им се нафрлија на нивните двојници.

Не им беше сомнително што излегуваат од обични лимузини и немаат обезбедување. Двојниците на претседателите седеа во хотелскиот хол и се смееја , одговараа кусо на прашања и добро се забавуваа додека се гушкаа.

Но, на виетнамската полиција не им било до шега, па ги притвори Расел Вајт и Хауард Екс. Тие велат дека речиси три часа ги испрашувале полицајците и ги предупредиле да се откажат од имитирање на Трамп и Ким.

Тие биле вратени во хотел , од каде не смеат да излезат додека властите не решат што ќе прават со нив.