Рускиот претседател Владимир Путин планира в сабота на 18 август да дојде на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнејсл, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Истиот ден Путин треба во Берлин да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, со која ќе разговараат за состојбите во Сирија, Украина и за енергетиката, јави Ројтерс.

Педесет и три годишната Кнејсл е експерт за Блискиот Исток, која десничарската австриска Слободарска партија ја предложи за министер, откако минатата година договорија коалиција со конзервативците на Себастијан Курц. Таа не е член на Слободарската партија која е во блиски односи со партијата на Путин.

Австриските медиуми пишуваат дека Кнејсл в сабота ќе се омажи за бизнисменот Вофганг Мејлингер во Штаерска. На свадбата, како што пишуваат медиумите, ќе биде и австрискиот премиер Курц.