Бремени жени кои развиваат прееклампсија (ЕПХ гестоза) состојба во која се развива опасно висок крвен притисок имаат трипат повисок ризик од деменција подоцна во животот воспоредба со жени кај кои немало такво пореметување, велат научници.

Врз база на здравствени податоци за повеќе од милион жени во Данска научници откриле дека најголем зголемен ризик кај жени што имале прееклампсија е – развивање т.н. васкуларна деменција за која се верува дека предизвикува низа мали мозочни удари или намален доток на крв во мозокот.

Ризикот од Алцхајмерова болест, друг вид деменција, е само незначително поголем во споредба со жени кои немале прееклампсија.

– Собравме доволно докази дека факторите за преекплампсија врз здравјето на жената не се ограничени само на бременоста, вели Хедер Бојд авторка на студијата од Статенс Сеум институтот во Копенхаген.

– Сега знаеме дека прееклампсијата треба да се смета за маркер за зголемен ризик од васкуларна смрт подоцна во животот. Свеста за тоа е се поголема, вели таа.

Прочувајќи врски меѓу прееклампсија и деменција научниците користеле податроци од националниот регистер за да идентификуваат 1.178.005 жени кои родиле во Данска од 1978 до 2015 година од кои повеќе од 4 отсто имале прееклампсија за време на една или повеќе бремености.

Научниците докажале дека ризикот од подоцнежна појава на васкуларна деменција по 65-та година е 6,5 пати повисок кај жени со историја на прееклампсија.

Водечка причина за предвремено породување, прееклапсија е воспалително пореметуавње на крвните садови што се јавува кај 2 до 10 отсто бремености обично по 20-та недела. Освен висок крвен притисок може да предизвика и абнормално високо ниво на протеини во урината и задржување течности.