Растот на цените на нафтата, што на 4 февруари го достигнаа повеќегодишниот максимум, според трговците, може да биде запрен ако САД ги укинат санкциите кон Иран, а тоа би придонело за зголемена испорака и поголема понуда на „црното злато“ на глобалниот пазар.
На Азиската берза утрово цената на европската нафта Брент се намали за пет центи или за 0,1 отсто и барел се тргуваше за 93,22 долари.
Додека цената на американската нафта денеска се продаваше за 63 центи помалку од петокот односно барел нафта се тргуваше за 91,68 долари.
САД на 4 февруари најавија укинување на дел од санкциите кон Иран со што ќе се овозможат технички разговори за оживување на нуклеарниот договор.
– Американскиот претседател Џо Бајден и понатаму сака да преговараме во Виена. Тоа е знак дека договорот не е мртов, дека мораме да го оживееме, бидејќи тоа е во наш интерес, изјави синоќа американскиот пратеник за Иран, Роб Мали.
Претходно, шефот на иранската дипломатија Хусеин Емир Абдулахијан изјави дека ублажувањето на санкциите кон Техеран не се доволни и оти Вашингтон треба да пружи гаранции за заживување на договорот од 2015 година, склучен со западните сили.