Министерството за земјоделство на Украина соопшти дека вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштиле земјата согласно договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на ОН и Турција ги деблокира украинските поморски пристаништа.
Според Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот, од постигнувањето на договорот од три украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони житарици и прехранбени производи.
Западните земји во Украина носат оружје, а од Украина низ светот се транспортира храна.