На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата на Македонија е ставен на усвојување Предлог-буџетот за 2020 година и Предлог – законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

На оваа седница, како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе биде разгледана и информацијата со Предлог одлука за купување и адаптација на простор во новото седиште на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Македонија при Алијансата.

На предлог на Министерството за здравство денеска ќе биде презентирана и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема и медицински и немедицински инвентар за потребите на јавните здравствени установи во Македонија.