Владата на премиерот Зоран Заев донела одлука од денеска Македонија да ѝ се придружи на Европската унија со воведување рестриктивни мерки за Никарагва поради, како што е наведено, состојбата во оваа држава од Средна Америка.
Како што е наведено во одлуката објавена во Службен весник, станува збор за финансиски мерки и за забрана за влез на граѓаните од Никарагва во Македонија, кои се воведуваат на неопределено време.
Одлуката на Владата стапува на сила денеска.