Владата на денешната седница донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови.
Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатена и препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го почнат организирање спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.