Зимското сметање на времето треба да почне да се применува идната недела, а се уште е нејасно дали тоа ќе се случи.

В недела на 30 октомври доколку Владата не донесе поинаква одлука, стрелките по полноќ ќе треба да ги поместиме од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.

Владата неодамна информира дека поради кризата со енергија, а во однос на на нејзина заштеда, можно е зимава да останеме во летен режим на сметање на времето. Останува уште нецела недела кога треба да биде донесена одлуката дали часовникот ќе се помести или не, со оглед на тоа дека останаа уште само две недели до промената.

Тоа значи дека оваа година можно е воопшто да не прејдеме на зимското сметање на времето кое треба да почне во сабота кон недела ноќта, меѓу 29 и 30 октомври.

Последната инфорација беше дека Владата очекува стручни анализи од МАНУ и Агенцијата за метрологија.