Насловната фотографија на овие редови покажува со колку пари Владата на Заев и Роберт Поповски го субвенционираат Слободен печат каде пишува и Бранко Тричковски.

Тричковски денеска ги возбуди духовите со објавата: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“.

За бенигни објави, од новинари и лица кои не ја поддржуваат актуелната власт, се кревала прашина до небо. Своевремено, амбасадори на земјите од т.н. меѓународна заедница (читај запдните земји кои се најгласни за слободата на медиумите) поради најобична критика реагирале лично кај Никола Груевски да најде начин и да „реши“ некои новинари кои ним не им се допаѓаат, иако Владата немала врска со нив. За нивните т.н. невладини во РМ и да не зборуваме. А, засега, зад оваа гадотија на Тричковски, истата обвинителско-политичко-новинарска банда молчи. Веројатно утре ќе следи некоја реакција колку да не биде без ништо.

Но, ништо на може да го избрише фактот дека Владата само што оддели пари за Слободен печат, каде пишува Тричковски, уште од времето кога весникот го започна сегашниот вмровски пулен Бранко Героски. Потоа имале кавга, но по заминувањето на Героски, Тричкоски одново е актуелен во весникот, кој сега нема проблем да прима владини пари.

Се разбира, Владата не можела вчера-завчера да знае што на својот ФБ профил ќе објави Тричковски денеска, но од друга страна, неговите објави не прв пат предизвикуваат одбивност.

Делумно, ова е суштината и на реакцијата на портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски која можете да ја прочитате на овој линк.

 

Во моментот кога е направена оваа снимка на објавата на Тричковски, имало и 30-тина луѓе на кои им се допаѓа неговата објава односно им предивикала смеење.