Изнудите на милиони евра, злоупотребите на функциите, расипништвото, неправдата, огромните суми на пари во готово за кои јавноста слуша во судкиот процес Рекет се само врв на ледениот брег. Тоа што се крие под површината е режисерот и главниот заштитник на рекетарите Зоран Заев и неговиот монструозен план за рекетирање и лично богатење.

Ова се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во Република Македонија владее рекетарско корумпирана влада на СДСМ. Со СДСМ и Зоран Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва. Вилма Рускоска го штити и го прикрива криминалот на Зоран Заев. Со тоа Вилма Рускоска директно го поддржува и го одобрува криминалот на Заев. Никој не верува во приказната дека зад рекетирање и уценување на бизнисмени стојат сами обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева. Секој човек знае дека зад нив е директно врхушката на власт на чело со Зоран Заев. Случајот Рекет каде што целата јавност е сведок како се уценуваат бизнисмени и се изрекетирани милионски суми, мора да добие правна разрешница. Институциите мора да работат во интерес на правдата, владеењето на правото и во интерес на граѓаните. Јавно обвинителство и судството мора да работат согласно законските прописи, професионално и непристрасно, се вели во соопштението.

Јавното обвинителство, се додава, мора да се ослободи од спрегата на СДСМ и Зоран Заев.

– Граѓаните на 12 април ќе му порачаат на Заев и СДСМ дека им е доста од сите криминални и корупциски афери и скандали. На 12 април заминува целото криминално раководство на СДСМ. На 12 април почнува Обновата на Македонија, владеењето на правото и правната држава. СДСМ и Зоран Заев се виновни за сите измами, порази и криминали. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.