Здружението на Хрватите во Македонија бара Владата на Македонија јавно да го осуди говорот на омраза на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија и да го разреши од функцијата.
Тозија во неколку наврати упати навреди кон Хрватска, која ја нарече „усташка држава“, а владејачката ХДЗ партија, ја нарече „фашистичка“ и членови на криминален клуб.
„Директорот на владината агенција за филм не само што не негираше и не се извини за тоа што со месеци ја навредуваше Владата на Република Хрватска и нејзиниот претседател во кој ги нарекува фашистите и член на криминален клуб, туку напротив, тој истото го потврди и напиша дека има право да го стори тоа, што преставува невидена дрскост и говор на омраза“ се вели во соопштението од Здружението.
Според нив, ова не е само тежок меѓународен скандал, туку и невиден случај во светот каде една влада толерира мешање во работите на друга држава – најсериозните вулгарни навреди и говор на омраза. Покрај тоа, тоа го прави и на земјата и нејзиното раководство, кое го има претседателството со ЕУ и ја поддржува Македонија во патот кон ЕУ толку силно.
„Не сакаме да веруваме дека Владата на Македонија преку игнорирањето на званична реакција и осуда кон Горјан Тозија стои зад ваквото мешање во внатрешните односи на друга држава“, се вели меѓу другото, во соопштението на Здружението.