Два дена откако од владата порачаа дека кривично ќе се одговара за повикувањето на бојкот на пописот, денеска образложија за кое кривичното дело се работи.
Но не станува збор за одредби од Законот за попис како што претходно упатуваа туку член 387 од КЗ. “Оној што ќе организира други на отпор или непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или затвор до три години. Ако делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години”. – стои во челнот на кој се повикува Владата..
Кој ќе ги поднесува пријавите за гонење не е познато.. претставничката на Државниот завод за статика Јасмина Ѓеоргиевска, вели дека тие работат според Законот за попис, во кој се предвидени прекршочни казни за тие што ќе одбијат да се попишат, но нема одредба за повикување на бојкот.
Левица е единствената парламентарна партија која води кампања за бојкотирање на пописот под мотото “Не отворам врата”, но лидерот Димитар Апасиев смета дека тоа во никој случај не може да се санкционира со членот на кој се повикува Владата..
Вели, пописот е Закон а не одлука, а повикувањето на прекршок не значи и кривична одговорност.
Од Јавно обвинителство засега нема информација дали повикувањето на бојкот на пописот ќе се гони врз основа на челнот од Кривичниот законик на кој се повикува Владата.
Инаку, освен Левица, кампања за бојкот води и Јанко Банчев, кој исто така водеше слична кампања и за бојкот на рефенредумот во 2018, но тогаш против него не се поведе никаква постапка.