Нови 1347 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од 4096 направени тестирања и 17 починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи, 643 се во Скопје, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип – осум, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово имаат по седум нови случаи, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод по шест, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар по четири, Крушево и Пехчево по три и Кратово два нови случаја на коронавирусот.

Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 години – осум пациенти од Скопје, двајца од Прилеп и по еден починат од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болница, а едно лице во домашни услови.

Регистрирани се 451 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Тетово и Велес – по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – девет, Битола – седум, Демир Капија – пет, Берово – четири, Пробиштип и Богданци – по тројца оздравени, Кратово – двајца, Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица по еден оздравен.

Епидемиолошка анализа за заболени и активни случаи по градови:

Скопје 54 599, активни 8116

Прилеп 6656, активни 963

Куманово 6395, активни 633

Тетово 6071, активни 487

Гостивар 4311, активни 397

Кавадарци 4198, активни 672

Велес 4142, активни 535

Битола 4054, активни 515

Штип 4030, активни 308

Охрид 3897, активни 643

Струмица 3089, активни 274

Струга 2593, активни 179

Кочани 2126, активни 202

Кичево 1909, активни 114

Неготино 1809, активни 430

Гевгелија 1661, активни 326

Свети Николе 1204, активни 77

Крива Паланка 1024, активни 118

Ресен 946, активни 134

Радовиш 850, активни 93

Дебар 825, активни 30

Делчево 819, активни 90

Берово 779, активни 96

Пробиштип 645, активни 73

Виница 571, активни 44

Валандово 472, активни 82

Крушево 412, активни 129

Богданци 379, активни 66

Демир Капија 330, активни 75

Кратово 318, активни 25

Демир Хисар 318, активни 47

Македонски Брод 283, активни 30

Пехчево 209, активни 14

Македонска Каменица 197, активни 4

Дојран 106, активни 9

Од почетокот на епидемијата во земјава досега се дијагностицирани 122 227 со КОВИД-19 од 599 782 тестирања. Бројот на оздравени е 102 652, на починати 3545, а активни случаи има 16 030.