Дваесет и тригодишна девојка од Кичево и 24-годишна пациентка од Скопје се двете најмлади жртви од Ковид меѓу 17-те смртни случаи во изминатите 24 часа во земјава.

Според објаснувањето од Министерството за здравство, девојката од Кичево имала и други хронични заболувања, а ковид само и ја комплицирал здравствената состојба.

Девојката од Скопје, пак, починала на Инфективната клиника каде се лекувала последните денови, и каде била пренесена од еден од ковид-центрите на интерните клиники.

Според информациите од Инфективна, деојката не реагирала на терапијата. Зошто? Не знаат!

Претходно таа се лекувала дома, со антибиотик, по препорака на матичниот лекар.