Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 37-та седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања.

Седницата која, како што е најавено, ќе започне во 11 часот, ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица.

Секое трето прашање на седницата ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и од ДУИ.