Владата на Република С. Македонија донесе одлука да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за авиокомпании од Руската Федерација.

Оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, со која се приклучиме на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, е донесена на денешната 18-та седница.

-Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на С. Македонија за авиопревозници регистрирани во Руската Федерација, се наведува во владиното соопштение.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.