Владиката Петар и владиката Агатангел се во болница поради Ковид 19. ТВ Сител објавува дека владиката Петар е веќе 20 дена во болница, но дека се чувствува добро и дека се чека уште еден негативен тест за да си замине дома.
Според него, добро се чувствува и владиката Агатангел.
И двајцата не спаѓаат во групата на луѓе кои не веруваат во вирусот и неговата опасност. Напротив, владиката Петар беше меѓу првите кои повикуваше на апсолутно почитување на мерките.