Ете нека не признаат со Охридска Архиепископија, запирка Јустинијана Прва како што е титулата на нашиот архиепископ, и наместо „Македонска Православна Црква“ нека се додаде како што е името во ООН, изјави владиката Петар на ТВ 24 за признавањето на МПЦ ОА од страна на Вселенската патријаршија.

-Нема никаков проблем за таквото признзвање. Ако тука доцни толку Цариградската патријаршија, и се случат и други вакви случувања, и да бидат други цркви признаени од мајките цркви, тогаш ќе биде сериозен, ќе биде значаен и важен тој томос. И уште да додадам збор-два за тоа дека конечно треба да се симне ова од дневен ред и да не слушаме лаги, ноторни, од оние што не лажат дека немало други услови. Ги слушнавме условите, вие ги прочитавте. Условите се следните:

– ерга омнес за Охридска архиепископија. Секаде да го употребуваме тоа име. Да се обезличиме,

– да не го споменуваме името Македонија, македонско во никој контекст или било која изведенка од тоа име,

– и да ја дадеме дијаспората.

Од тоа ништо не е прифатливо за сиот македонски народ, за свештенството наше, за монаштвото, освен за предавниците!, изјави владиката за ТВ 24 во емисијата Аргумент плус.

На прашањето за името на црквата владиката Петар претходно изјави:

-Ако тие сакаат, како што велат да не се заплеткаме во етно филетизам, ние немаме ништо против -нека дадат име: Охридска Архиепископија, запирка Јустинијана Прима, заприка Северно – македонска православна црква, како што ни е државата во ОН.

На забелешката на водителката „или Православна црква на Северна Македонија“ владиката Петар се спротивставува:

-Не, не, никако, „Северно-македонска“ според државата, инаку пак ќе испадне приказната дека сме етнофилетисти…

Подоцна додава дека Сннодот на МПЦ не донел одлука со која се откажува од името МПЦ-ОА!

Целата емисија ја имате на овој линк