(Димитар) Ковачевски и (Артан) Груби, 7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, го продолжуваат рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, изменет е и условот со кој се бара понудувачот да приложи извештај, за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадени, од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер, за надзор, владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.
Очигледно е дека овие измени се направени во прилог на фирмата ЕПТИСА, која на крај и го добива тендерот од 22 милиони евра, а која 3 години по ред работи во минус.
Со менувањето на условот, понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. Понатаму, истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.
Овој криминал тежок 22 милиони евра, се прави пред очите на граѓаните, кои пак, секојдневно се борат со високите цени на сите производи, инфлација од 20% и борбата за парче леб.
Од друга страна, оние што треба да го гонат криминалот, односно ЈО, упорно молчат и се однесуваат како да не се на страна на граѓаните, туку од страната на криминалците, кои секојдневно го крадат народот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.