И додека власта ги симнува државните знамиња од јарболите во повеќе градови низ Република Македонија, во крајот на војводата Јордан Пиперката, во кичевското село Белица, денеска на јарболот е дигнато ново знаме.
– Пред најголемиот христијански празник Велигден, традиционално, на ридчињата над нашето село, избледнетите знамиња на сите Македонци од целиот свет се заменуваат со нови. Нека ни е напомош и вечно да се слави нашата вера и нашиот единствен семакедонски симбол, порачаа жителите на Белица.
Кичевското село Белица се наоѓа на патот од Кичево кон Демир Хисар и е соседно село на Козица, родното место на Јордан Пиперката. И ветвото и новото знате кое го поставија беличани е со семакедонскиот симбол, сонцето од Кутлеш.
Деновиве симнато од јарболот на Водно е македонското знаме, а претходно тоа беше сторено и во Охрид, Неготино и во повеќе други општини во источна и западна Македонија.