ВМРО-ДПМНЕ бара од Заев да каже кога и каде СЗО објавило дека ќе има втор бран во август

/ 25.05.2020

Заев се однесува како никој во Македонија да не знае да чита и да не се информира. Ваквото негово однесување е крајно потценувачко кон граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Го повикуваме да објави каде точно СЗО најавува нов бран на коронавирусот во август. Граѓаните се веќе навикнати на неговите лаги посебно кога станува збор за негови лични ветувања или објаснувања, но овој пат оди до таму да почнува да лаже што некој друг рекол, а всушност тоа никогаш не си го рекол. Граѓаните се свесни дека на Заев и СДСМ не им е грижа за нивното здравје и уште од првиот момент кога започна кризата Владата води политика наместо грижа за здравјето на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.


Од истата категорија