Проектот за персонални асистенти, со кој Мила Царoвска денеска се пофали, е проект на ВМРО-ДПМНЕ, чиј старт беше во 2015 година и според планот на претходната влада досега ќе беше заокружен, т.е. веќе ќе функционираше, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се вели дека начинот на кој СДСМ го регулира е само отворање пат за партиски вработувања, наместо да се користат капацитетите на министерството за труд и социјална политика.
– Царовска е неспособна и не работи во корист на граѓаните. За ова говорат пропустите на Царовска и владата предводена од СДСМ. Пропусти има речиси секојдневно, секојдневно има вести за малтретирани деца, нивна злоупотреба. Сето ова е доказ за негрижата, и нефункционирањето на системот на социјална заштита. Но, граѓаните ги гледаат пропустите, и тоа во сите области. Граѓаните на избори ќе кажат не за овие политики кои ги спроведуваа оваа влада предводена од СДСМ, реагираат од најголемата опозициска партија.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт наместо СДСМ, се вели натаму во рекацијата, овој проект досега ќе го спроведеше, и истиот немаше да доцни како што е случајот сега.
– Сертификатите на персоналните асистените ќе беа одамна доделени и истите веќе ќе работеа на терен, односно ќе им помагаа на лицата со попреченост на возраст над 18 години. СДСМ не се грижи за граѓаните, не работи за нив. И затоа оваа ненародна власт мора да си замине, прачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.