Изјавата на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени потпалувале „комити“ да протестираат во Македонија од Руската амбасада во Скопје ја сметаат за политички неодговорна.

– Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата се повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика,  се вели во реакцијата на Руската амбасада во Македонија, објавен ана официјалниот твитер -профил на Амбасадата.

Во коментар на тврдењата дека руски бизнисмени ги потпалувале протестите во Македонија премиерот Заев денеска, по стартот на изградбата на фабриката на американска „Дура“ во Бунарџик,   упати  на добиените извештаи по разговорите во полицијата со дел од учесниците.

– Зборувам од тоа што го слушам во извештаите што ги добиваме. Знаете тие млади момчиња „комити“ кога нападнаа полицајци беа повикани во полицијата на исказ, па спомнуваа бизнисмени од Русија дека давале пари, заради тоа се тука и оти немаат ништо против или слично, рече Заев.

Македонија, дополни, е мала земја и сака да гради пријателство со сите, вклучително и со Руската федерација.