СДС очигледно си ги толкува соопштенијата како што им одговара, но тоа е далеку од вистината, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што ја пренесуваме интегрално.

Нивната кратковидост и завидливост, не може да разбере дека единствениот разговор којшто државниот секретар на САД, господинот Марко Рубио го имаше досега е со премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. А дека тоа што СДС го зборат е тешка небулоза, ќе бидат демантирани со објавување на официјалната средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау,

За разлика од времето кога Македонија беше со свиткана кичма, денес Македонија се застапува со гордо исправена глава.

И во иднина ги замолуваме СДС информациите што ги добиваат да ги пренесуваат доследно, а не политички некоректно.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: архива