Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Опозицијата повтори дека премиерот Зоран Заев и власта покажале дека за нив ништо не значат демократските вредности и волјата на народот и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани.
„Вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија додаде дека Македонија ќе победи, затоа што секогаш победуваat правдата и вистината. Со 80 гласа „за“ синоќа Собранието ја изгласа одлуката за уставните измени.