Фикусот за Стево Пендаровски е живо, раздвижено цвеќе, тој смее да има став се додека Ковачевски и Ахмети не му речат да не се согласи сам со себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Пендаровски во секој свој настап е блед и непрепознатлив, се што некогаш кажал потоа го демантирал, неговите ставови држат додека тие не дојдат до ушите на неговите шефови Ковачевски и Ахмети.
Пендаровски е човекот кој ги потпиша измените на КЗ со брзина како опстанокот на светот да зависи од тоа.
Пендаровски немаше храброст да и рече не на криминалната власт, туку е нејзин слеп послушник.