Фрчковски е контроверзен лик кој во 2001 година заговараше бугарски и грчки војски да интервенираат против македонските Албанци, или како што рече „можеби ние ќе зборуваме бугарски, ама Албанците ќе пливаат кон Италија“.

Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со одобрувањето од претседателот Стево Пендаровски за амбасадор на Љубомир Фрчковски во Њујорк. Во продолжение целото соопштение:

Човекот кој им порачуваше на Албанците дека ќе завршат во Јадранско море, а Македонците дека ќе зборуваат бугарски, Пендаровски со указ го назначи за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединети Нации.

Фрчковски кој ги тепаше граѓаните во Тетово, во чиј мандат се случи атентатот на Глигоров, кој издаваше наредби за прислушкување, кој дозволуваше кршење на ембаргото кон Србија и шверц, кого го одбија како предлог за амбасадор во САД, сега Пендаровски го испраќа во Обединети нации. Ова е срам за Македонија. Колку што е срам за Фрчковски уште поголем срам е за Ковачевски и Пендаровски кои ова го овозможуваат. После се чудат зошто никој не ја есапи сериозно Македонија. Епа заради нивните авантури со именување контроверзни ликови на најзначајни позиции во дипломатијата сме на ова дереџе.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ