Што се однесува до проектите за Скопје, ќе има фабрика и електрични автобуси кога оваа криминална влада ќе замине и кога ќе се создадат услови за инвестирање. Се додека е оваа криминална влада никој не сака да инвестира. Што се однесува до другите проекти тие може да ги развиваат со Арсовска на било која од тајните средби кои ги имаат, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ и премиер, е дезертер и струен профитер, и треба да да каже кои фирми блиски до власта профитираат од кризата.

Откако и платија билборди, и спотови на Арсовска, сега конечно нарачателот на таквата лажна кампања во ликот на дезертерот Ковачевски се јави во јавност и лажно го обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

И замислете кој обвинува за тендери и матни зделки, тој кој ја води најкриминалната влада во Европа и тој кој во свој посед ги држи и обвинителството и полицијата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од најголемата опозициска партија бараат дезертерот Ковачевски да одговори кои фирми блиски до власта заработуваат во време на енергетската криза?

Како тие фирми се поврзани со Ковачевски? И дали Ковачевски ем е дезертер, ем струен профитер? Јавноста набрзо ќе има одговори. А по смена на власта ќе има и одговорност, велат од ВМРО ДПМНЕ.