И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата, потенцираат од партијата.

И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски, нотираат во реакцијата.