Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно – политчки мртов, оценува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени и затоа се откажа од понатамошна расправа во Собранието. Граѓаните јасно и недвосмислено кажаа дека референдумот е неуспешен, а договорот е мртов. Јаловата дебата која што се води во Собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните, се вели во соопштението.
Од најголемата опозициска партија порачуваат:
– Зоран Заев и СДСМ треба да ја послушаат волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои гласаа против договорот или апстинираа и за кои не е прифатлив договорот од Преспа. Време е Заев да замине од власт бидејќи потроши две години од животот на граѓаните на потпишување штетни договори, додека економијата тоне, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, во Собранието за утре е најавено продолжување на седницата за отворање на уставни измени и промена на името на државата во Северна. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои беа пријавени за збор се откажаа од расправата, бидејќи, како што беше вчера кажано, сметаат дека е јалова и непродуктивна.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе гласа против уставните измени.