Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целосниот текст од соопштението:

Поради лошото справување со здравствената криза предизвикана од епидемијата со корона вирусот, Македонија е единствената земја во регионот и Европа која има втор пик или втор бран.

Вчера имавме 134 нови заболени и 8 починати лица од корона вирус, што е резултат неспособноста и неодговорноста на Заев и СДСМ. Македонија поради Заев и Филипче е земјата во регионот и пошироко која е рекордер по заболени и смртност на еден милион жители. Форбс и Њујорк тајмс  не вбројуваат во небезбедни земји и земји кои имаат најголем раст на епидемија со Ковид-19 вирусот, што само по себе говори дека сме европски Вухан.

Дополнително ние сме единствената европска земја која има затворени граници и може само странските државјани да транзитираат низ Македонија на патот до Грција.

Ова е поразително. Во време кога цел регион и цела Европа излегуваат од првиот бран, ние поради неспособноста на Заев и Филипче веќе имаме втор пик, а можеме да замислиме само како ќе биде ако има и трет пик. Затоа мора овој вирус на неспособност и неодговорност наречен власт на Заев што побрзо да го поразиме на избори, за да може Македонија да стане земја која наесен ќе се справува со здравствените, економските и социјалните предизвици.

Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава! Македонија ќе победи!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ