Неодговорното и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни. Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власта ѝ е поважен криминалот, отколку проектите, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се потсетува на тоа како министерката за труд и социјала призна милионски скандал со фондот за ПИОМ, на десетиците млади и стари кои починаа од епидемиите на грип и сипаници, а министерот си делеше крвави тендери, на запалените документи во Министерството за правда, на нападите на притворени лица, на криминалното делење на субвенции преку Фондот за иновации, на непотизмот, на нарачките на наркотици на пратеници… „Но, одговорност за сето ова немаше. Македонија тоне на листата за корупција, а Заев и Анѓушев си делат тендери. Две години граѓаните не видоа ништо од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Администрацијата се партизира, а судството политизира. Реформи нема. Без реформи, без проекти и инвестиции државата не може да тргне напред. СДСМ мора да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.