Политичките напади, манипулации и конструкции на СДС и Венко Филипче нема да го запрат развојот на државата. Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните – наведува владејачката партија во реакцијата на соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДС за 6 години.

Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива.

Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната.

Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%. Дури и кога ќе се земе предвид поскапувањето, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од цените.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

За разлика од СДС и Венко Филипче кои профитираа во време на ковид кризата оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно ја амортизираше кризата и Македонија денеска има најниска цена на дизелот и бензинот.

Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: Архива