Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

– Економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо. Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош. Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа. Доколку нема суштинска помош за бизнисот ќе следи економска катаклизам со масовни отпуштања и затворања на фирми. На здравствено поле. Лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10% од заразените да бидат лекари. Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.