МИЦКОСКИ: Мислите дека е случајно што омилената судијка на оваа власт го доби случајот за 27 април?

/ 05.07.2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се осврна на реформите во судството. Тој притоа потсети на изјавите од луѓето кои поднесоа оставки од комисијата за реформи во судството дека не прифаќат да фингираат реформи.

Нивните укажувања биле дека ако се зафатат да го реформираат судството тогаш треба да се прават суштински реформи, а она што тие сега го прават е далеку од тоа.

-Такво нешто вие го премолчувате, настанува драмска тишина и тогаш се појавува јунакот и вика јас ќе застанам на чело на тоа тело и ќего реформирам. И резултатот на тоа е извештајот на ГРЕКО каде што викаат не само што не го реформиравте него и го уназадивте. Како токму преку АКМИС системот омилената судијка на оваа власт го добива случајот за 27-ми април, по која формула, по која случајност, вели Мицкоски.

Инаку, Мицкоски вечерва изјави и дека илјада и петстотини тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат на терен на посети до секој дом, преку кои ќе се обидеме да ги прикажеме политиките на нашата партија, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервјуто на ТВ Телма

Тој рече дека ќе се обидат на граѓаните да им ги претстават погрешните политики на оваа Влада предводена од СДСМ и од Зоран Заев.

– Ќе се обидеме да собереме што е можно повеќе сојузници во нашата борба за зачувување на националното достоинство, националниот идентитет, националната гордост. Сите тие имаат цел која треба да ја исполнат, обуките започнуваат овој викенд. ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажало во многу наврати дека е државотворна партија, така и овој пат, партија која поседува сериозен човечки капацитет и интелектуален потенцијал, истакна Мицкоски.

Тој, исто така, најави и нови протести.


Од истата категорија