МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целото соопштение:

ДЗР констатира неправилности во работата на МЕПСО, имено во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од нив У Павер е и во сопственост на синот на Муса Џафери. Тогашното раководство на МЕПСО прво носи решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот.

14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор.

СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење на милионски бизниси.

Од синот ма Муса Џафери, внуците на Али Ахмети Дрин и Бесијан, преку Зоран Заев, Вице Заев, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на СДС и ДУИ од 2017 до 2024.

И во СДС и во ДУИ се свесни дека следува одговорност. Многу добро знаат што правеле, затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ