Радмила Шекеринска во очај се храбри со контроверзни  анкети, но вистинската анкета ќе ја види на 15-ти јули кога граѓаните ќе ги казнат нивната неспособност и неодговорност, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– Народот им сврте грб и јасно им порача дека на изборите ќе изгубат. Тоа што сега лицемерно говори од Македониумот во Крушево, а погазија и распродадоа се што е македонско ќе биде само една од причините поради која ќе бидат казнети. Шекеринска, Заев и СДСМ ќе бидат казнети од народот и заради понижувањата кои ги направија, нои и заради криминално рекетарските шеми кои ги создадоа и кои ги штитеа, заради растечката корупција и сиромаштија во Македонија, заради нереализираните ветувања кои од ракав ги делеа во 2016-та, а гледаме дека сега надградено го прават пак и заради многу други штетни политики кои ги водеа овие три години власт, се вели во реакцијата.

Натаму во соопштението се додава:

– На Радмила Шекеринска, Заев и СДСМ ќе им тежат Луј Витон торбите  полни со изрекетирани  милиони, со кои се пазареше правдата во Македонија и нивната нервоза и лаги ќе растат како што ќе се наближува денот на гласање. Народот виде дека тие можеа, но не направија ништо за државата. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!- се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.