Пионот Ковачевски никако да се оддели од политиките на Зоран Заев и да ја поддржи декларацијата за Гоце Делчев, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението од СДСМ.
Во продолжение целиот текст од соопштението на опозициската артија:
СДСМ со Ковачевски сега имаат прилика барем еднаш да покажат дека навистина им значат македонските национални интереси, а не криминалот на кланот кој од позадина ја води партијата и владата.
Со одбивањето на Декларацијата, СДСМ не одговори зошто се против. Со одбивањето на Декларацијата Ковачевски го дели народот против Ѓорѓи Делчев, каде што треба да се обединиме.
Самото одбивање на Декларацијата е показател дека владата на Ковачевски преговара со Бугарија за Ѓорѓи Делчев.
ВМРО-ДПМНЕ искрено жали за реакцијата на СДСМ кон предлог декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Делчев.
Со отфрлање на Декларација за Ѓорѓи Делчев јасно се гледа дека СДСМ ниту ја имаат прочитано Декларацијата, ниту ја сфатиле сериозноста на оваа Декларација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ не објасни што конкретно од Декларацијата за нив е неприфатливо, дали за нив е спорно истакнувањето на ликот и значењето на Ѓорѓи Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ искрено верува дека со консензуалното изгласување на Декларацијата од страна на сите пратеници во Собранието, Република Македонија ќе го манифестира толку посакуваното единство и обединетост кога станува збор за афирмацијата и заштитата на македонските вредности и заложби за демократска и европска држава.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ