Нина Ангеловска е фатена во груба лага. Зоран Заев ја присили Ангеловска да лаже дека не постои документ, со кој таа им забранува на вработените во министерството да комуницираат со Гордана Димитриеска Кочоска. Тој документ постои и е објавен во медиумите, а воедно ви го испраќаме, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Ангеловска и Заев ги тераат вработените да вршат криминал и незаконски активности. Не комуникацијата на вработените со заменик министерот Гордана Димитриеска Кочоска е противзаконски е претставува опструкција на техничката влада и за тоа ќе има одговорност за секој кој нема да ги проследува наредбите. Ангеловска се плаши од функционално министерство за финансии затоа што знае дека на тој начин ќе излезат на виделина сите незаконитости кои ги прават со Зоран Заев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ангеловска и Заев треба да знаат дека опструкциите и лагите нема да ги спасат од неминовен пораз. На 12 април следува пораз на СДСМ, и почнува обнова на Македонија, додаваат од партијата.