Оставки од министрите Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ побара денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски и Маричиќ признаа дека немаат НАТО безбедносни сертификати и тоа го криеле од јавноста. Спасовски е министер за внатрешни работи, и самиот факт што нема НАТО безбедносен сертификат е опасност и за Македонија и за Алијансата. Што е тоа што спречува Спасовски да има сертификат? Дали големиот број криминални афери и корупциски скандали се причина за недовербата на НАТО? Маричиќ како министер за правда, и доаѓа во допир со безбедносно сензитивна материја исто така нема сертификат. Како ако Спасовски и Маричиќ не ги исполнуваат критериумите на НАТО, ги исполнуваат на Македонија? Спасовски и Маричиќ се опасност по државата. И треба да си поднесат оставки. Владата са каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат, и зошто, се бара во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.