Македонската економија со СДСМ го допре дното, а парите наместо да завршуваат кај граѓаните, тие завршуваат во џебовите на Заев и врхушката на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Власта ги зголеми даноците, ја зголеми акцизата на горивата и секојдневно им ги зголемува давачките на граѓаните, со што уште повеќе ги осиромашува. СДСМ придонесе да има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП. Заев со неговата Влада немаат намера да донесат подобар стандард за граѓаните и подобра економија за Република Македонија. Поради тоа неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа власт си замине и започне обновата на Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.