Стево Пендаровски се однесува како аналитичар со отворени симпатии кон Зоран Заев, а не како претседател на државата со јасни ставови и позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Жално е што Пендаровски наместо да претседателствува со државата и да ги предводи процесите одбра да прави анализи за воспевање на ликот и не делата на Зоран Заев. Впрочем, Пендаровски не искажа ниту еден став за проблемите кои ги мачат граѓаните. Пендаровски би можел да биде партиски аналитичар на СДСМ, но не и добар претседател на Македонија, велат од опозициската партија.

Повод за реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ е вечерашното гостување на Пендаровски на ТВ Сител, каде говореше за оставките на Заев и актуелната политичка состојба во Република Македонија.