Каков дебакл – Стево Пендаровски си нарачал со парите на граѓаните си платил, и со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ за нарачаната анкета за рејтингот на претседателот Стево Пендаровски. Во продолжение го пренесуваме целото соопштение од опозициската партија:
Претседателскиот центар за политичка соработка заедно со граѓанско здружение изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе.
Претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи кои ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски.
Граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а тој ги троши нивните пари на политички маркетинг.
Очекуваме Пендаровски да се извини на народот за ова трошење на нивните пари за себепромоција.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ