Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека.

Како што информира ЈП „Македонијапат“, забраната е укината во 11:00 часот.

Но, поради паднато дрво во прекин е сообраќајот во двата правца на патот Дебар – Маврово, кај местото викано Врбјанска Раскрсница.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 10:00 часот.