Држава во која претседателот отворено кажува дека доколку не е на функцијата претседател би се отселил од државата е во голема стагнација. Македонија со Зоран Заев е во погрешен правец, а најголем доказ за тоа е искрената изјава на Стево Пендаровски.
Ова се нагласува во денешното сооопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Стево Пендаровски е првиот човек на државата и тој како претседател ги има сите информации, политички, правни, економски и безбедносни. Пендаровски знае дека Македонија со Заев на чело не може да се помести од мртва точка. Криминалот, корупцијата и рекетот се тие кои ги демотивираат младите и ги тераа да се отселат. Ниските плати, лошата економска ситуација и непотизмот е главната причина зошто младите бегаат. Зоран Заев три години не направи ништо да ги задржи младите, а ветуваше дека ќе ги врати иселените. Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните на криминал, корупција и рекет. Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните за богатење на неговата фамилија и фирмите блиски до фамилијата. И Стево Пендаровски знае дека вака веќе не може. За тоа потребни се промени. По 12 април следува обнова на Македонија и нова надеж за младите, со конкретни мерки и конкретни проекти, се вели во соопштението.