ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржа својот втор најавен протест против покачувањето на цената на струјата.

ВМРО-ДПМНЕ наиде и на затворени врати во комисијата за енергетика откако сакаа да се сретнат со претседателот на комисијата Марко Бислимоски.

ВМРО-ДПМНЕ повторно е на улица, како што најавивме пред неколку дена бараме од оваа мафијашка власт да ги слушне барањата на граѓаните, ова денеска на протестот против поскапувањето на цената на струјата го истакна потпретседателот на партијата Владо Мисајловски.

-Ние денеска дојдовме до регулаторната комисија, а тие не пречекаа со затворени врати. Никој не ни ја отвори врата за да го поднесеме ова барање до нив. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да им се придружат на нив бидејќи ние сакаме да го слушнеме гласот на народот. Гласот на народот е намалување на цената на струјата, бараме да се врати старата цена и да си поднесат оставка сите членови на регулаторната комисија на чело со претседателот, вели Мисајловски.

Тој додава дека нивниот недемократски претседател денеска  не им отворил врата за да достават само едно барање.

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде на улица, затоа го повикуваме целиот народ, здруженија, граѓани, оваа битка не е само наша, мора да го чујат нашиот глас, бидејќи само така сите сме посилни. ВМРО-ДПМНЕ нема да застане, туку ќе се сплотува со сите граѓани, здруженија, невладини организации, рече Мисајловски.