ДУИ и Али Ахмети не одлучуваат дали ќе ја напуштат Владата, СДС треба да се охрабри за подадената рака за преодна влада, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по состанокот на ДУИ на кој било одлучено дека ДУИ ќе ја напушти Владата, но тогаш кога ќе стапат на сила уставните измени.
Според ВМРО-ДПМНЕ, за тоа не одлучува ДУИ, туку СДСМ бидејќи двете партии заедно имаат мнозинство да формираат преодна влада без ДУИ, влада која би организирала нови избори на кои нема да има полнење гласачки кутии од страна на партијата на Али Ахмети.