Зоран Заев продолжува ноторно да ја лаже македонската јавност. Република Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори со Европската Унија, а нема ниту оставка и повлекување на аблолицираниот Заев. Заев повторно ги излажа граѓаните како што ги лажеше дека ќе го одбрани македонскиот Устав во преговорите за името, како што лажеше дека ќе си замине доколку не успее референдумот за промена на името.

Зоран Заев веќе доби црвен картон од граѓаните за криминалот, корупцијата и расипништвото. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда ги загубија изборите во 43 општини. Гласот на граѓаните Заев го помножи со нула исто како и за референдумот.

Нема никаква одговорност што секој четврти Македонец живее во сиромаштија. Нема одговорност нитѕ за катастрофата која се случува во земјоделието и економијата. Заев не виде никаква одговорност кај себе за нулата која ја доби од германските инвеститори и потопот на полето на странските инвестиции.

На овој човек единствено му е важно да врват тендерите на Заеви и тие околу него, а одговорноста за катастрофалната состојба во државата и падот на рејтингот на партијата ја префрла на пониските ешалони. Ова е вистинското лице на Зоран Заев.

Централниот одбор на СДСМ мора да собере храброст и за доброто на сите граѓани да му се спротивстави на Заев. Тие не му должат ништо нему туку на Република Македонија и нејзините граѓани.

По вечерашниот состанок на кој ќе се гласа, целата јавност ќе види дали СДСМ како партија ќе одбере да му слугува на деспотот Заев и ќе ги избере неговите послушници во раководните органи во партијата, или ќе покажат дека ја примиле пораката од граѓаните и ќе работат во нивен интерес.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ