СДСМ не може да се помират со фактот што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успешно ги водат општините и покрај долговите кои ги оставија нивните претходници од СДСМ и опструкциите на централната власт.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:

Но кога СДСМ сака да зборува за трошење на народните пари нека го направи тоа за аздисаноста на институциите кои ти ги раководат. Зарем за СДСМ е нормално во услови на криза да се трошат 50.000 евра за набавка на кафе од страна на СОЗР. Додека СДСМ глуми загрижена за стандардот на граѓаните истата институција набавувала режано цвеќе во вредност од 50.000 евра. Додека народот гладува владата на СДСМ и ДУИ потрошила над 200.000 евра за хотелски услуги.

Ете ова е лицемерието на СДСМ. Народот тоа го гледа и народот тоа ќе го казни на следните избори.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ